ПОЧЕТНА А Репрезентација КОСТОСКИ: Во Романија да одиме како пласирани во главна фаза

КОСТОСКИ: Во Романија да одиме како пласирани во главна фаза

сподели
fiba.basketball

Новиот плејмејкер на Гостивар уште еднаш покажа дека е фантастичен играч и дека од него зависи многу во македонската репрезентација.

Против Романија, Александар Костоски постигна 13 поени, 5 скока и 5 асистенции и повторно ги влечеше конците во играта.

По првите две победи во циклусот, јасно е дека се крева оптимизмот во нашата селекција, па затоа и 31-годишниот организатор на играта има една голема желба пред продолжението во декември.

„Победата ни беше императив, па затоа почнавме со голем притисок. Сакавме брзо да направиме висока разлика. Не одеше како штпо посакувавме, тешко го кршевме отпорот на противникот, но во втората четвртина заигравме според нашите можности, да воведеме наш ритам и до крајот на мечот постојано имавме двоцифрена предност.

Ние сме друга екипа кога играме на домашен терен и поради тоа не очекувам проблеми против Косово во декември. Се надевам дека на гости кај Романија ќе отидеме како веќе пласирани во главната фаза од квалификациите“, изјави Костоски.

Аплицирајте веднаш за

Натпреварот против Романија ќе биде последен од овој циклус и ќе се игра во февруари.