ПОЧЕТНА А Репрезентација АНАЛИЗА: Косово го средивме, Романија во моментов не ни е закана

АНАЛИЗА: Косово го средивме, Романија во моментов не ни е закана

сподели
Романците претрпеа многу промени последните месеци и се во незавидна ситуација

Македонската репрезентација успешно го почна вториот дел од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година победувајќи го Косово во Приштина.

Резултатот предизвика еуфорија во националниот тим кој со нетрпение го очекува вториот дуел, в недела во Скопје. Противник ни е Романија, селекција која учествуваше на последниот континентален шампионат, но само затоа што беше еден од организаторите, заедно со Турција, Финска и Израел.

Мандаке (трет од лево) и Молдовеану (9) нема да играат во Скопје

Романија е аутсајдер во нашата група затоа што во овој квалификациски циклус влегува без двајцата најдобри играчи Влад Молдовеану и Андреј Мандаке, како и без селекторот Заре Марковски, кој тивко си замина по освојувањето на последното место во групата за пласман на СП.

Аплицирајте веднаш за

Нов селектор е домашниот стратег Тудор Костеску кој во својата тренерска кариера во два наврата има работено во Темишвар и кој неколку години беше без клуб. Според стручњаците во земјата, тој не влегува во првиот тренерски ешалон во романската кошарка.

Нашиот Заре Марковски си замина, Тудор Костеску е негов наследник

Во отсуство на Молдовеану и Мандаке, како лидер на оваа екипа се јавува натурализирануот Американец Џордан Вотсон. Иако веќе во зрели години (во октомври ќе наполни 33), тој се уште е најдобар кошаркар во селекцијата.

Моментално член на шампионот Орадеа, сепак тој остана запаметен како лидер на екипата на Ровинари, со која успеа да стигне до завршната четворка на ФИБА Европа купот. Следуваа две сезони надвор од Романија, една во Турција и една во Франција, за повторно да се врати во романското првенство во тимот на УБТ Клуж.

Џордан Вотсон

Како втор најопасен играч во нивната стартна петорка се истакнува 21-годишниот член на шпанска Мурсија, Емануел К’це. Тој беше предводник на најдобрата младинска генерација на Романија, која минатата година неприкосновено го освои првото место на ЕП У20 дивизија Б.

Емануел К’це

Исклучително силен центар, кој е малку undersize за позицијата на која игра, a во многу елементи потсетува на стилот на игра на Ѓорѓи Чековски. Впрочем, на последниот пријателски натпревар одигран во рамките на подготовките за средбата со Македонија, против Крајова на 12 септември, тој беше најдобар поединец со 20 поени и четири скока.

Нандор Кути

Многу важен дел од оваа постава се двајцата членови на нивната У20 репрезентација од минатото лето, кои Заре Марковски имаше храброст и доберба да ги вметне во стартната петорка и на сениорската репрезентација. Тоа се членот на најскапата романска екипа УБТ Клуж, Нандор Кути, кој игра на позиција три, солиден физикалец без особено прецизен шут од надвор, и Бобе Николеску, член на Орадеа, кој започнува на позиција два. На последниот пријателски натпревар тие играа по 27, односно 22 минути и постигнаа по десет поени.

Стартната петорка ја завршуваме со 213-сантиметри високиот Александру Олах, минатата сезона член на холандскиот Лејден. Иако највисок во петорката, со својот стил на игра повеќе одговара на позицијата четири отколку пет. Има солиден шут од надвор, иако е далеку од таканаречена stratch четворка, со добра грбна техника под кошот, но тој, сепак, не е играч кој ќе може да и создаде големи проблеми на нашата центарска линија.

Александре Олах

Останатите репрезентативци од клупата се претежно back-up опции во своите клубови, кои добиваат одредена минутажа поради правилата на романската федерација (еден кошаркар под 23 години да игра 20 минути во првото полувреме) и еден домашен играч кој мора да е на теренот.

Голем дел од нив беа внесени во сениорската репрезентација од страна на Марковски, во Романија се полага многу надеж во нив, но засега се далеку од некаква конкретна опасност по кошот на нашата репрезентација.

Романците играа во групата Д од претквалификациите за Светското првенство во 2019 година. Одлично почнаа, остварија две победи во првите три кола од кои една на гости против тогаш ослабената Хрватска која играше без НБА и Евролига играчите.

Сепак, во следните три натпревари Романците доживеаја три убедливи порази (Од Италија 51, од Холандија 25 и од Хрватска 27 разлика) и завршија на последното место.