ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Колку репрезентативци имаме во нашата лига и како играа во квалификациите?

Колку репрезентативци имаме во нашата лига и како играа во квалификациите?

сподели
FIBA

Македонската лига не е атрактивна за кошаркарската елита, но низ нашава лига последните 6-7 години продефилираа повеќе репрезентативци на земјите од регионот, особено откако МЗТ Скопје го проби мразот во АБА лигата.

Сезонава, од големиот број странци кај нас, само три члена на вечните ривали настапија во квалификациите за следното СП. Едниот игра во Работнички, другите двајца во МЗТ Скопје, а ќе се соочат во големото дерби на 6-ти декември.

Чавдар Костов и Доминк Мавра (фото: basketball.mk + МЗТ Скопје Аеродром и Роберт Спасовски)

Чавдар Костов играше за Бугарија, неговата селекција има еден пораз и една победа на стартот на мундијалските квалификации за светскиот самит што ќе се игра 2019-та година.

Аплицирајте веднаш за

Бугарите победија на гости кај Исланд (74:77), претходно загубија од Финска на домашен терен (80:82).

Чавдар Костов, во поразот од Финска (FIBA).

Костов имаше 8 поени со 5 скока во поразот од Финците за нешто над 27 минути на паркетот, односно 14 поени со 4 скока и 2 асистенции за скоро 30 минути игра во победата кај Исланѓаните.

Доминик Мавра (десно), во поразот кај Холандија (FIBA).

Доминик Мавра беше повикан во националниот состав на Хрватска, ги одигра двата натпревара што Хрватите ги загубија, од Холандија и од Италија.

Најновиот плејмејкер на МЗТ Скопје одигра 17 минути со 2 поена од линијата за слободни против Италија (64:80) и скоро 12 минути без поени во поразот кај Холандија (68:61).

Никола Павличевиќ и Јордан Минчев (фото: basketball.mk + aba-liga.com)

Црногорскиот интернационалец Никола Павличевиќ (кој што играше на ЕП 2017) настапи со Шпанија во поразот на неговата селекција на домашен терен (66:79), одигра 14 минути и постигна 8 поени. Во победата кај Белорусија (67:91) одигра 19 минути со 6 поени, 2 скока и 3 асистенции.

Бугарскиот интернационалец Јордан Минчев не е во составот на неговата селекција, а воедно и на МЗТ Скопје, затоа што е повреден.