Најстариот гевгелиски кошаркарски клуб ја оствари првата победа во новата сезона совладувајќи го АВ Охрид на домашен терен со 92:81.
Сето тоа благодарение на една одлично одиграна четвртина (третата) во која Кожув постигна 30 поени и го скрши отпорот на гостинскиот тим.По првото полувреме, АВ Охрид имаше предност од еден поен (45:44) како резултат на последните три минути во кои постигна 15, а прими четири поени.
Во третиот период се разигра Пековиќ, Кожув почна да доминира на двете страни, а АВ Охрид немаше одговор. По една серија од 14:1, домаќините поведоа со 81:65 и тука стана јасно кој ќе ги освои двата бода.
Пековиќ и Нацевски го предводеа тимот на Кожув со по 17 поени. Кај АВ Охрид најдобар беше повратникот во екипата Кенет Рос со 19 поени.