ПОЧЕТНА Избор на уредникот Кога ловецот станува плен, пред очите на неверниците

Кога ловецот станува плен, пред очите на неверниците

сподели
euroleague.net

Немаше многумина кои што навистина го познаваат, заедно со оние што мислат дека го познаваат или со оние што се прават дека го познаваат кошаркарскиот „свет“ во Европа, што веруваа дека реконструираната, подмладена и присобрана екипа на Црвена звезда, ќе може и сезонава да игра кошарка.

Деца од толку оспоруваната школа на ФМП, тренер од таа иста „филијала“ на црвено-белите, најпотценетиот кошаркар во Евролига, неколу странци кои што „никој не ги сакаше“, еден капитен кој што „немаше храброст“ да си замине.

euroleague.net

Потоа еден голем вљубеник во се живо што е црвено-бело за кого сите велат дека е „спор“ и „стар“, вистинските поддржувачи на клубот минус шминкерите кои што минатите сезони доаѓаа да бидат видени на натпреварите на кои што паѓаа најславните европски екипи.

Аплицирајте веднаш за

Тоа беше Црвена звезда, на почетокот на сезоната, во очите на „зналците“.

Преведено на обичен јазик, се здружија играчите кои што играа во младинската школа на Звезда и во првиот состав на ФМП, заедно со трененрот Алимпијевиќ, Бјелица, Фелдин и Рочести, Лазиќ, Антиќ и Делије.

Сами против сите!

euroleague.net

Оваа навидум група граѓани, која што е далеку од минатосезонската екипа на црвено-белите, но која што повторно претендира да биде големо изненадување и тековнава сезона во Евролига, нема кој знае какви резултати по првите 10 кола.

Има 3 победи и 7 порази. Се наоѓа во долниот дел на табелата.

Но, победите се против Макаби, Барселона и кај Реал Мадрид. Поразите се тесни – кај Жалгирис (-2) со посед во последниот напад, кај прескапиот Химки (-7), од се подобриот Бамберг (-6), од Басконија (-4) која што е претставник на АЦБ лигата.

euroleague.net

Единствено Уникаха во Малага со +14, односно Олимпијакос во Пиреа и ЦСКА Москва среде Белград со по +26 (идентични 85:59), ја надиграа Црвена звезда сезонава.

Овие 7, можеа многу лесно да бидат и 2 пораза. Кошарка е ова, еден напад решава.

Со последниот триумф на српскиот и регионален шампион, нема веќе сон за фаворитите. Сега сите кои што во следните натпревари ќе излегуваат на паркет против Звезда, ќе си стават прст на чело.

euroleague.net

Можеби црвено-белите си направија и контра-услуга, со една голема победа да ја загубат предноста што ја носи аутсајдерската улога против „полесните“ противници што следуваат, но така играат храбрите, кои што живеат како да нема што да загубат.

Полковник или покојник, вели една поговорка, или изрека, како сакате.

Така играше Звезда во Мадрид, така Перо ја „акна“ последната тројка и ги „тресна од земја“ кралските надуенковци, така ќе биде и во следните мечеви што ќе ги одигра најтрофејната екипа во поранешна Југославија.

 

На менито следува Ефес што некогаш беше и Пилсен. По тој меч звездашите ќе бидат или „мамурни људи“ кои што ќе имаат право да не се будат, или новиот „атентатор“ на фаворитите.

А, сезонава, сите се фаворити против Звезда. Или, како што вели насловот, беа фаворити, во минато свршено време…