ПОЧЕТНА НБА Клиперс не им даваат на Лејкерс да дишат, Паркер се врати во...

Клиперс не им даваат на Лејкерс да дишат, Паркер се врати во победата на Спарс

сподели

Лу Вилијамс имаше (сезонава личен рекорд) 42 поена против поранешната екипа, во 11-тиот редоследен триумф (120:115) на некогаш заборавената франшиза во ЛА, против втората најтрофејна во НБА лигата.

Блејк Грифин се повреди и го напушти паркетот при крајот на мечот, а тренерот на домашните Док Риверс рече дека повредата на коленото воопшто не е наивна.

Аплицирајте веднаш за

Ламаркус Олдриџ имаше (личен рекорд сезонава) 33 поени со 10 скока во триумфот на Сан Антонио против Далас (115:108) во враќањето на Тони Паркер по повредата. Французинот го одигра 1.144 меч во НБА лигата, а неговиот тренер Грег Попович беше исклучен, по што асистентот Еторе Месина го водеше мечот до крајот.