ПОЧЕТНА НБА Кливленд влегува во шампионска форма

Кливленд влегува во шампионска форма

сподели
cleveland.com

Леброн Џејмс постигна 24 поени со 12 асистенции (14-ти дабл-дабл во 22 меча), a Кевин Лав имаше 25 поени со 16 скока во победата на Кливленд против Атланта, 114:121. Ова беше 10-та во низа за Кавалирс, што е најдолгата активна серија во НБА лигата, идентична со онаа на стартот на сезоната 2015/16 кога оваа франшиза ја освои титулата.

Кливленд имаше по 10 победи по ред и во постезоните во 2016-та (титула) и 2017-та (финале). Во враќањето на Леброн Џејмс во родниот крај, најдолгата низа на Кавалирс е 12 меча без пораз, а Двејн Вејд кој што со него има 27 победи по ред во Мајами (2012/13), изјави дека Кавалирс се уште не почнале да ги бројат триумфите.