ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КК ГОСТИВАР: Му се заблагодаруваме и воедно му се извинуваме на Мишковиќ

КК ГОСТИВАР: Му се заблагодаруваме и воедно му се извинуваме на Мишковиќ

сподели

Раководството на КК Гостивар ги демантира гласините дека раскинот на договорот со довчерашниот играч на екипата од истоимениот град, Немања Мишковиќ кој што дојде како големо засилување, е поради обновена повреда на кошаркарот.

Двете страни спогодбено се разделиле, поради разидување на сфаќањата и плановите на клубот и на играчот, велат од КК Гостивар.

Српскиот интернационалец отсуствуваше од терените повеќе месеци во текот на минатата сезона поради повреда, која што била успешно санирана и сега центарот е во полна играчка форма.

„За формата на Мишковиќ доволно зборуваат неговите настапи во нашиот дрес. Иако одигра само три натпревари за нас, покажа дека е голем професионалец и врвен играч.

Сакам да му се извинам на Немања поради шпекулациите што се појавија низ македонските медиуми, кои што може да ја загрозат позицијата на еден играч на пазарот и да му нанесат штета.

Лично јас и КК Гостивар му се заблагодаруваме за се што стори за нас, победивме на два важни натпревара, а воедно се надеваме дека во иднина повторно ќе соработуваме.“ – вели во обраќањето до јавноста, Бајрамали Бали Саити, тим менаџерот на Гостивар.