ПОЧЕТНА НБА КЕР: Играме како лудаци!

КЕР: Играме како лудаци!

сподели

Екипата на Голден Стејт акумулира 46 асистенции против Орландо, во победата од 112:133. Дури 11 од 13-те играчи во ростерот на шампионот, запишаа барем по една асистенција.

Тренерот на Вориорс беше импресиониран од тимскиот учинок, што беше многу блиску до НБА рекордот – 53 асистенции на еден натпревар.

„46 асистенции е нешто ненормално. Први сме во Лигата според соодносот на асистенциите и загубените топки и на 28-та позиција сме, според загубените топки.

Тоа, претпоставувам, се нема случено во историјата на ова натпреварување. Мислам дека со ваква енергија, одиме во вистинскиот правец.“ – рече Стив Кер по триумфот на неговиот тим.

Аплицирајте веднаш за

Клеј Томпсон постигна 27 поени, Кевин Дјурант постигна 25 (беше исклучен од игра на 4:52 до крајот), Стеф Кари имаше 23 поени со бандажиран прст на шутерската дланка.

Арон Гордон реализира 29 за Меџик и беше прв стрелец на мечот, Еван Фурние постигна 22, а Џонатон Симонс 18 поени за поразените кои што имаат 10 порази на последните 11 средби.