ПОЧЕТНА А Репрезентација КАРАЏОВСКИ ПОВИКУВА: И ние сакаме да играме пред полни трибини

КАРАЏОВСКИ ПОВИКУВА: И ние сакаме да играме пред полни трибини

сподели

На задоволство на македонските навивачи, кошаркарската репрезентација со победа го почна вториот квалификациски циклус за Европското првенство во 2021 година.

Го преживеа пеколот во Приштина, одигра мошне сигурно во клучните моменти и заслужено стигна до триумф против Косово.

Очекувана е еуфоријата во нашиот национален тим иако претстои подеднакво тежок натпревар, против Романија на домашен терен.

„Одлично е што го отворивме циклусот со победа, се надевам дека исто ќе го одиграме и дуелот со Романија и со тоа на најдобар начин ќе ги завршиме и овие подготовки и стартот од претквалификациите.

Аплицирајте веднаш за

Ме радува тоа што покажавме одлична тимска игра против Косово, имавме и малку среќа што ’фати’ шутот во финишот, но исто така заслуга има и стручниот штаб за скаутингот што го направи пред мечот. Добро ја запознавме нивната екипа и ги искористивме сите слабости.

Романија не ја знаеме доволно, немавме можност да видиме снимка од подготвителен натпревар по промените што ги доживеаја ова лето, но важни сме ние. Нашата селекција е сосема поинаква, посигурна кога игра на домашен терен и очекувам да го искористиме тоа“, изјави плејмејкерот на македонската репрезентација Димитар Караџовски.

Кошаркарот на Работнички има и порака за навивачите пред дуелот со Романија кој може ширум да ни ги отвори вратите кон квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

„Со последните неколку победи и наши и на кадетската репрезентација, се врати кошаркарската атмосфера во земјава. Јасно е дека ни треба поддршка, би сакале и ние да играме пред полни трибини како што тоа беше во Приштина.

Треба да се здружат медиумите и Федерација и заеднички да работат на промоција на репрезентацијата. Со тоа мислам дека и навивачите полека ќе почнат да се враќаат во сала кога игра националниот тим“, додаде искусниот бек.