ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА Казни за Дино Баскет: Претседателот суспендиран на четири години, играчите на две!

Казни за Дино Баскет: Претседателот суспендиран на четири години, играчите на две!

сподели
КФСМ

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги одреди казните за контроверзната завршница од државното првенство за кошаркари до 14 години.

Одлуката на Комесарот ја пренесуваме во целост:

„Според членот 20 од дисциплинскиот правилник на МКФ од ноември 2009 година, претседателот на клубот Сашо Лазаров се казнува со суспензија за вршење на должност во период од четири години.

Според членот 21 од дисциплинскиот правилник на МКФ од ноември 2009 година, клубот Дино Баскет се исклучува од понатамошно натпреварување и се изрекуваат неколку казни во делот на ретроактивно одземање на сите спортски пласмани (табеларни 1, 2 и 3 место во период 2017, 2018 и 2019 година) по било кој основ.

Според членот 21 од дисциплинскиот правилник на МКФ од ноември 2009 година, играчите на Дино Баскет, Филип Димитријев и Петар Ивановски кои се наведени во пријавата на КК Работнички кај што е укажано дека играле со фалсификувани копии од патни исправи при што е побарано да се донесат оригиналните патни исправи на увид (истите не се донесени до пишување на извештајот), се казнуваат со забрана за играње во период од две години“, стои во одлуката.