ПОЧЕТНА Во позадина И ние знаеме малку бокс: Познато лице во Стејплс Центарот!!!

И ние знаеме малку бокс: Познато лице во Стејплс Центарот!!!

сподели

На мечот меѓу ЛА Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, на кој што победи гостинската екипа, во гледалиштето присуствуваше една жива легенда на еден друг мегапопуларен спорт. Џорџ Форман.

Американецот и е познат на јавноста по двете титули светски шампион и олимпиското злато освоено на ЛОИ 1968-та година во Мекиско Сити, но момент што ја одбележува неговата кариера е фамозната битка со Мухамед Али наречена „Рамбл ин д Џангл“ (Rumble in the Jungle).

Аплицирајте веднаш за

Тоа е еден од најмаркантните настани во спортската историја, одржан во Киншаса (Заир, денес ДР Конго) 1974-та година, пред околу 60.000 гледачи. Мухамед Али победува против непоразениот светски шампион, со нокаут во 8-та рунда.