ПОЧЕТНА Светски првенства Избегната грчка трагедија во Англија

Избегната грчка трагедија во Англија

сподели
FIBA

Фаворитот се спасуваше во продолжението во Лестер и на крајот успеа да слави со 92:95 (83:83), во еден од резултатски највозбудливите мечеви во првото квалификациско коло за СП 2019.

Британците имаа дури петмина двоцифрени стрелци, предводени од екс играчот на МЗТ Скопје, Даниел Кларк (Сан Себастијан) кој што реализира 17 поени. Кај Грците се истакна Јанис Бурусис (Жеџианг Лајонс) со 27 поени и 8 скока, а Јанулис Ларенцакис (АЕК) имаше 22 поена со 6 скока.

Ова беше четвртата победа за Грците во дуелите со Британците, но прва компетитивна, затоа што претходно овие две селекции меѓу себе одиграа само три пријателски натпревари.