ПОЧЕТНА Избор на уредникот Зошто нашата прва дама, седеше сама?

Зошто нашата прва дама, седеше сама?

сподели
Моника Гаврилоска (генерален скретар на МКФ)

Генералниот секретар на МКФ, Моника Гавриловска беше во арената „Јане Сандански“ еден час пред стартот на натпреварот против Швајцарија. Седеше во ложата осамена, замислена, насочена кон предизвикот што е пред неа, во кој што заглавува се подлабоко.

Не навлегувајќи во нејзината приватност или во другата страна од нејзиниот живот, онаа што не е поврзана со кошарката, на прашањето во насловот ќе одговориме со наједноставната реплика:

Затоа што не сме и ни до глуждовите!

Аплицирајте веднаш за

Ова, во поглед на нејзината ангажираност и посветеност на кошарката, во моментов. Ова, затоа што за неа немаше пречка да го облече националниот дрес додека беше активен играч. Ова, затоа што таа ги знае двете најголеми контрадикторности што постојат – што значи да бидеш македонски кошаркар и како функционира светот.

Ова е редакциски став со огромна доза на индивидуално гледање на работите и не мора да биде прифатен, но ние мислиме дека треба да и се остави време и простор, да покаже што знае и што умее. Никој, буквално никој не може да смени нешто преку ноќ. Кај нас е уште потешко да се менува нешто, затоа што треба да се менува и ДНК структурата на сивата материја што ја носиме во главите.

Не помина многу време, железната Мони доби засилување. И се придружи Ленче Алексовска-Величковска, деканот на Факултетот за физичка култура, уште една дама заглавена во светот на мажите, светот на спортот.

Им посакуваме на двете, успешни кариери на позициите каде што се во моментов и воопшто во животот. И секако – многу, многу нови кошаркар(к)и и кошаркарски успеси во сите сегменти.

Немаме многу девојчиња, да си ги чуваме!