ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Зеќири и Тасовски продолжуваат во Гостивар

Зеќири и Тасовски продолжуваат во Гостивар

сподели

Петтопласираниот тим од последната сезона во Првата лига интензивно работи на својот тим за претстојното првенство.

Откако го договори Марјан Србиновски, управата на клубот ги продолжи договорите и со двајца стандардни првотимци.

Аплицирајте веднаш за

Јетмир Зеќири и Диме Тасовски остануваат во екипата и во новата сезона во која Гостивар ќе се обиде и да го подобри успехот од минатата, односно да влезе во разигрувањето за титулата.

Двајцата кошаркари ги одиграа сите 32 натпревара во последната кампања.

Тасовски во просек играше по 28,2 минути со ефект од 12,9 поени, 3,4 скока и 2 асистенции по натпревар. Зеќири на теренот поминуваше по 19,4 минути и постигнуваше по 7,5 поени, 4,6 скока и 0,9 асистенции.

Од Гостивар досега си замина Дамјан Робев кој се врати во Вардар, а неизвесна е ситуацијата со Јурај Сегариќ кој има понуди од Хрватска, но чека разговори со раководството на македонскиот прволигаш.