ПОЧЕТНА ЕВРОПА Заре со поглед ги „уби“ судиите по прекинот против Фенербахче

Заре со поглед ги „уби“ судиите по прекинот против Фенербахче

сподели

Нашиот прославен стратег кој што го предводи турскиот тим Трабзон, патем е и селектор на романската репрезентација, имаше тежок натпревар против Жељко Обрадовиќ и Фенербахче.

Екипата на Марковски загуби со 90:119, со што има 6 порази и 3 победи и се наоѓа на 12-та позиција на табелата, додека шампионот на Турција е на втората позиција со 7 победи и 2 пораза.

Дуелот го одбележа прекинот на средината на втората четвртина, предизвикан од страна на Јан Весели кој што прво направи фаул во напад, а потоа долеа масло на оганот.

Аплицирајте веднаш за

Заре Марковски е на 1:27 од видеото:

Крис Обекпа наседна на провокацијата, долета и го оттурна Весели, потоа беше исклучен, навивачите почнаа да фрлаат предмети на теренот и салата беше испразнета, по што мечот беше довршен без публика.