ПОЧЕТНА ФИБА Заре победи, Мавра и Хрватите си го комплицираат животот

Заре победи, Мавра и Хрватите си го комплицираат животот

сподели
FIBA

Селекцијата на Романија предводена од нашиот Заре Марковски славеше против Холандија со 76:68, со што ја потврдува својата класа и теоријата дека Романците се најновата членка на револуционерната европска генерација земји, кои што стапуваат на сцената.

Победата на Марковски е позначајна затоа што во првото коло Холандија ја совлада Хрватска, а Коцкестите загубија и во вториот квалификациски меч за СП, на домашен терен од Италија со 64:80, иако имаа водство од 16:4.

FIBA

Доминик Мавра, играчот на МЗТ Скопје постигна 2 поена од двете слободни фрлања што ги изведе, за 17 минути игра, а имаше шут од поле 0/5.

Аплицирајте веднаш за
Група Д (2 коло)

Романија - Холандија 76:68
Хрватска - Италија 64:80

Табела:

1. Италија 2/0
2. Романија 1/1
3. Холандија 1/1
4. Хрватска 0/2