ПОЧЕТНА Светски првенства Заре Марковски за малку не ги изненади „своите“

Заре Марковски за малку не ги изненади „своите“

сподели
FIBA

Одличниот познавач на италијанските прилики, кој што голем дел од кариерата помина во оваа земја, имаше солидно деби со новата репрезентација што ја предводи и добива позитивна оценка, иако претрпе пораз кај фаворизираниот домаќин (75:70).

Романците, кои што се дел од последниот револуционерен бран во европската кошарка, почнаа бавно и во првиот период имаа двоцифрена негатива (26:15), што понатаму Италијанците ја надоградуваа (16:13, 17:15), а гостите не успеаја да ја анулираат со фуриозната последна четвртина (16:27).

FIBA

Избраниците на Заре Марковски ги предводеше Емануел Кце (Севиља) со 16 поени и со 8 скока, а кај победникот се истакнаа Пиетро Арадори (Реџо Емилија) со 16 поени, Пол Биља (Кремона) со 8 скока и Ариел Филој (Венеција) со 4 асистенции.