ПОЧЕТНА Евролига Жељко Обрадовиќ го „скрши“ проклетството

Жељко Обрадовиќ го „скрши“ проклетството

сподели
euroleague.net

Со победата на гостински терен во Шпанија, во рамките на 10-та рунда во тековната сезона во елитното клупско натпреварување, најтрофејниот европски стратег симна од плеќите два негативни резултата во неговата кариера.

Триумфот на европскиот шампион Фенербахче кај Басконија (69:83) беше прв за турската екипа на гости во Виторија, во историјата и прв на српскиот тренер кај овој претставник на АЦБ лигата, уште од 2002-та кога седеше на клупата на Панатинаикос.

Куриозитетно, таа сезона 2002/03 кога гостуваше во Виторија, Обрадовиќ беше шампион со грчката екипа, но потоа не успеа од Топ 16 фазата да избори пласман на завршниот турнир.