ПОЧЕТНА Некатегоризирана Екс-НБА играч загина во сообраќајна несреќа

Екс-НБА играч загина во сообраќајна несреќа

сподели

Некогашниот НБА кошаркар Рашуал Батлер и неговата сопруга загинаа во трагична сообраќајна несреќа во Студио Сити во Калифорнија.

До трагедијата дошло откако Батлер ја загубил контролата над својот Ренџ Ровер, удрил во паркинг метар, а потоа се забил в ѕид. По ударот, неговиот автомобил се превртел, а полицијата верува дека сето тоа се случило поради неприлагодена брзина.

Батлер имаше 14-годишна успешна НБА кариера во која играше за девет екипи. Беше избран како 53. пик на драфтот во 2002 година, а потоа се селеше во Њу Орлеанс, Оклахома, Лос Анџелес Клиперс, Чикаго, Торонто, Иднијана, Вашингтон и Сан Антонио.