ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЕКСКЛУЗИВНО: Перо Антиќ почнува со Гостивар

ЕКСКЛУЗИВНО: Перо Антиќ почнува со Гостивар

сподели
Перо Антиќ во друштво со Бали Саити (тим менаџер) и Марјан Србиновски (тренер) од КК Гостивар.

Нашата најголема кошаркарска ѕвезда во моментов, стартува со подготовките за новиот предизвик, на 15-ти август.

Во сезоната што претстои, се уште не се знае каде ќе ја продолжи блескавата кариера, но сигурно е дека поранешниот капитен на нашата репрезентација, ќе се подготвува со својот клуб.

Аплицирајте веднаш за

Антиќ е претседател и има најголем пакет акции во КК Гостивар, а од челниците на клубот добивме официјална потврда дека првите чекори пред новата сезона, Перо ќе ги направи меѓу „неговите“ играчи.

Во текот на минатата сезона, низ српските медиуми константно кружеа претпоставки дека Македонецот ќе ја заврши кариерата, се додека по освојувањето на српската титула, тој лично не рече – „Ќе видиме…“.

StarsSport, b92.net

Во претходната натпреварувачка година, Перо Антиќ и Црвена Звезда не успеаја да ја одбранат титулата во АБА лигата, загубија од Будуќност и со тоа ја загубија позицијата во Евролига.

Загубија и во Купот на Србија, од Партизан, но беа убедливи во српскиот шампионат и стигнаа до титулата што најмногу се цени, кај нашиот северен сосед.