ПОЧЕТНА Избор на уредникот Единствениот „пропуст“ на селекторот Давитков?

Единствениот „пропуст“ на селекторот Давитков?

сподели
Работнички и Гостивар, ќе го одиграат дерби мечот на 18-та рунда.

Ако воопшто може и да зборуваме за некаков пропуст во националната селекција, во која што беа повикани најдобрите кошаркари во моментов, може да споменеме две имиња и да издвоиме едно.

Ивица Димчевски.

Покрај него, на списокот го немаше и Марко Симоновски, но од оправдани причини затоа што поранешниот капитен на МЗТ Скопје ја обнови старата повреда при последната репрезентативна акција и не играше на стартот на новата сезона.

Ивица Димчевски против Работнички во Гостивар.
Аплицирајте веднаш за

Најдобриот стрелец на Гостивар кој што игра како препороден, погоди 7 тројки и постигна 23 поени на мечот против Работнички во нашата прва лига. Секој еден кошаркар има свој ден и може да одигра еден натпревар на високо ниво, а да не е во добра форма, што не велиме дека е случај во овој случај.

eurobasket.com

Името на Димчевски го споменуваме од чисто патриотски причини, откако веќе знаеме кој странец ќе игра за Македонија, откако веќе видовме во каква форма се нашите репрезентативци и откако веќе видовме кој од повиканите сака, или може, а кој не сака, или не може, да игра за Македонија.

Ричард Хендрикс на гостувањето против Словачка.

Ако селекторот знаеше дека Ричард Хендрикс ќе биде неговото откровение кое што ќе ни ја врати старата победничка форма, тогаш на местото на Џордан Теодор можеше да го запише Димчевски. Или можеби ако знаеше дека Бо МекКејлеб нема да дојде.

Или можеби на местото на Диме Тасовски, кој што игра на (скоро) истите позиции, но е далеку повозрасен. Или како резерва на местото на Ѓорѓи Чековски, кој што се повреди на споменатиот меч во Гостивар.

Но, ако знае се однапред, тогаш селекторот може да направи и екипа шампион на следното европско првенство, нели. Никој ништо не знае однапред, намерите на Јорданчо Давитков сигурно биле најдобрите за нашата селекција, а такви се и нашите намери со овој текст.

Ивица Димчевски против Работнички во Гостивар.

Уште еден Македонец на листата од 24 имиња, ќе биде мотив полус и за помладите. Очекуваме дека наскоро во репрезентацијата ќе го видиме Виктор Ефремовски, Ненад Димитријевиќ како стандарден првотимец, Андреј Маслинко со поголема минутажа и слично.

Но, колку што сето ова зависи од селекторот, зависи и од играчите. Можеби и повеќе зависи од играчите. Тие треба да се наметнат, да покажат дека заслужуваат да бидат повикани, а потоа и селектирани во последниот филтер и на крајот да се изборат да играат во боите што (треба да) се светост за секој Македонец.