ПОЧЕТНА Интернационалци Димитријевиќ играше само три минути, Хувентуд загуби

Димитријевиќ играше само три минути, Хувентуд загуби

сподели

Новиот македонски сениорски репрезентативец Ненад Димитријевиќ доби “одмор” во првиот натпревар на Хувентуд по паузата на ФИБА.

Тимот од Бадалона гостуваше кај Уникаха и загуби со 74:86, а Димитријевиќ одигра едвај три минути во кои не постигна поен(и). За тој период имаше само еден неуспешен обид за тројка и скок, па не успеа многу да му помогне на Хувентуд кој го претрпе шестиот пораз во деветтиот натпревар од АЦБ лигата.

Аплицирајте веднаш за

Десеттото коло од шпанското првенство помина без изненадувања. Реал ја совлада Гран Канарија и остана на чело на табелата, Барселона славеше кај Сарагоса, а шампионот Валенсија по продолжение ја победи Андора.