ПОЧЕТНА Други лиги ДВОЈНА КРУНА: Спектакуларен крај на сезоната за Вардар!

ДВОЈНА КРУНА: Спектакуларен крај на сезоната за Вардар!

сподели
фото: КК Вардар Facebook

Црвено-црните кошаркарки се на седмо небо, по освојувањето на титулата во македонската лига со 3:0 против големиот ривал Бадел, со победата 79:65 во третиот меч од финалната плеј-оф серија.

Вардарки го симнаа од престолот петкратниот шампион и најтрофејна екипа во македонската женска кошарка, а доминацијата ја најавија со освојувањето на Купот, во Гевгелија, трет пат во низа, исто така против Бадел (50:40).

Честитки до новиот владетел меѓу нашите дами!