ПОЧЕТНА А Репрезентација „Два од два“ – мисијата остварена!

„Два од два“ – мисијата остварена!

сподели
Последните две години кошаркарската репрезентација играше само во Скопје

Два натпревара, две победи на македонската репрезентација на стартот од вториот дел од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Прво во Приштина против Косово, а сега и против Романија на домашен терен со 90:76. Мисијата е остварена, остатокот од овој циклус го очекуваме далеку порастоварено и со мисла дека полека се враќаме на стариот курс кој го напуштивме пред 3-4 години.

Аплицирајте веднаш за

Романската репрезентација мошне солидно го почна натпреварот и најави жестока борба до последната секунда. Во осмата минута поведе со 17:13, а опасноста по нашиот кош доаѓаше буквално од сите противнички играчи.

Нашите брзо се консолидираа, па со тројката на Александар Костоски дури и со предност ја завршија првата четвртина.

Втората се покажа клучна за конечниот исход, особено втората половина. Гостите се држеа до 16. минута кога резултатот беше 31:30, а потоа следуваше наша серија од 9:0 по што првпат на мечот направивме двоцифрена предност (40:30). Романците успеаја да намалат нешто од тоа до полувреме, но тоа се уште беше висока разлика за првите 20 минути игра.

Се чинеше дека гостинската селекција ќе доживее дебакл откако на половина од третата четвртина Македонија ги достигна највисоките +16 (57:41), а и до крајот на периодот успевавме да ја задржиме високата предност.

Мало опуштање донесоа последните десет минути по што Романија се доближи на девет поени негатива (73:64), но сето тоа траеше кратко и на крајот дојдовме до посакуваната убедлива победа.

Можеби во Приштина имаше проблем, но Војдан Стојановски потврди дека е извонреден играч и беше наш најдобар поединец на овој натпревар. Беше блиску и до трипл-дабл постигнувајќи 21 поен, 11 скока и 5 асистенции.

Уште четворица македонски кошаркари имаа двоцифрен поентерски ефект, но сите кои се појавија на теренот се покажаа во одлично издание.

И следниот натпревар го играме во Скопје, на 2 декември против Косово. Евентуална победа на тој меч ќе не однесе на само мал чекор до главниот дел од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.