ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Двајца нови странци во ростерот на АВ Охрид

Двајца нови странци во ростерот на АВ Охрид

сподели
АВ Охрид, лани...

Повратникот Рос Кенет и Србинот, Давид Миладиновиќ се новите засилувања за екипата на АВ Охрид.

Американскиот интернационалец и минатата сезона го носеше дресот на нашиот прволигаш и беше убедливо најдобар и најконстантен играч во екипата.

Миладиновиќ е центар, висок 209 сантиметри и доаѓа од тимот на Динамик каде не доби шанса на почетокот од сезоната. Има 21 година и огромна желба за докажување.

Аплицирајте веднаш за

Со Рос и Миладиновиќ, АВ Охрид сега има петмина странци, еден повеќе од максимално дозволениот број во секоја екипа. Според информации од клубот, до крајот на денот формално треба да биде раскинат договорот со Тревис Вајч и ќе останат четворица странски играчи.

Се очекува двајцата нови кошаркари да бидат регистрирани и да настапат за охридскиот тим на гостувањето кај Кожув во рамките на второто коло од Првата лига. Во првото, АВ Охрид доживеа тежок пораз на домашен терен од шампионот Работнички.