ПОЧЕТНА А Репрезентација ДАВИТКОВ: Тоа што го посакувавме, тоа го направивме

ДАВИТКОВ: Тоа што го посакувавме, тоа го направивме

сподели

Селекторот на македонската репрезентација Јорданчо Давитков е наполно задоволен од резултатите на стартот од вториот претквалификациски циклус за Европското првенство во 2021 година.

Остварени се две победи што беше и основна интенција пред стартот на подготовките, а многу повеќе задоволува играта и покажаниот карактер на играчите на двата меча.

Аплицирајте веднаш за

Триумфот против Романија е остварен со висока разлика што отвора простор првото место да биде освоено дури и пред гостувањето кај истата селекција во февруари.

„Победата е реална, иако факт е дека сите играчи не се подготвени за вакви натпревари. Речиси цело второ полувреме водевме со 15 поени разлика, на крајот беше 14, сметам дека тоа е вистинскиот одраз на силите во моментов.

Романците дури и добро поминаа во Скопје бидејќи не се некои шутери, а овде погодија речиси се што им се отвори.

Ние моравме да калкулираме затоа што таква е одлуката на ФИБА. Ако некој пред седум дена ми дадеше две победи, ќе прифатев.

Најтешко се добиваат добиени натпревари. Работевме да не размислуваме дека ако се појавиме на терен сигурно ќе победиме.

Почнавме многу млако, во првите пет до шест минути игравме во грч. Во првиот дел имаваме проблеми со офанзивниот скок на Романците. Знаевме дека се физички добро подготвени, но им дозволивме да направат повеќе офанзивни сокови. Во вториот дел го затворивме нивниот офанзивен скок и успеавме да се справиме со нив“, изјави Давитков.