ПОЧЕТНА Некатегоризирана ДАВИТКОВ: Слатка е победата овде…

ДАВИТКОВ: Слатка е победата овде…

сподели
фото: FIBA

Кога пред две недели ги почна подготовките за септемврискиот прозорец на ФИБА, селекторот на македонската репрезентација го посочи натпреварот против Косово во Приштина за најважен во овој претквалификациски циклус.

Тогаш си посака победа бидејќи, како што рече, таа ќе не однесе многу блиску до главната фаза од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

фото: FIBA

Желбата му се оствари, Македонија му се одмазди на Косово и направи огромен чекор кон остварување на својата цел. Се разбира, има уште многу да се игра, но почетокот е таков каков што посакувавме сите.

„Победата во Приштина е слатка, не поради некаква одмазда за ланскиот пораз, туку затоа што тука е тешко да се игра. Не сакавме други да одлучуваат за нас, туку ние да ја држиме контролата, како што беше случај во претходниот циклус.

Одигравме добар натпревар, имавме контрола над резултатот од првата до последната минута и заслужено победивме. Во финишот беше интересно, Бериша погоди некои чудни шутеви, но се се заврши добро за нас.

Аплицирајте веднаш за

Од оваа ноќ веќе почнуваме да размислуваме за следниот противник“, изјави Давитков по натпреварот.

А, следен противник е Романија која е релативно непознат противник за нас во моментов затоа што доживеа селекторска смена. Натпреварот се игра на 16 септември во арената “Борис Трајковски”.