ПОЧЕТНА А Репрезентација ДАВИТКОВ: Не сум суетен, повторно ќе го повикам и Антиќ

ДАВИТКОВ: Не сум суетен, повторно ќе го повикам и Антиќ

сподели

Македонскиот селектор беше задоволен од победата против Швајцарија и од двата триумфа во овој претквалификациски циклус.

Јорданчо Давитков напомена дека им е благодарен на сите репрезентативци кои што дојдоа на прозивката, но воедно истакна дека сите Македонци, за него секогаш ќе бидат Македонци.

„Вратата за ниту еден од нашите играчи, додека сум јас селектор, нема да биде затворена. Јас не сум суетен човек. Повторно ќе ги повикам сите кои што беа на првиот список и сите кои што ќе сметам дека треба да бидат повикани. Кој ќе дојде, е добредојден.

По прес конференцијата, последна во овој успешен претквалификациски „прозорец“, Давитков се поздрави и со Стајиќ. Селекторот се враќа во Абу Даби.

Немавме многу проблеми со откажувања, кој сакаше или можеше, беше присутен. Имаме само еден играч во Евролига (Перо Антиќ), останатите кои што не се појавија или не играа беа повредени.“ – рече Давитков.