ПОЧЕТНА А Репрезентација Давитков има проблеми со Ал Кадсија, но останува селектор

Давитков има проблеми со Ал Кадсија, но останува селектор

сподели
фото: mkf.mk

Македонската кошаркарска репрезентација нема да добие нов предводник пред продолжението од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Такви шпекулации се појавија откако Јорданчо Давитков неочекувано свика прес-конференција, но самиот тој пред новинарите ги отстрани сите дилеми.

Аплицирајте веднаш за

Тој објасни дека има проблеми со клубот Ал Кадсија каде работи како тренер, но постои можност тоа да не се почувствува врз него и репрезентацијата.

„Одигравме добар циклус се пласиравме во следната рунда од претквалификациите за ЕП 2021 што беше главната цел. Во тие,  натпревари, со исклучок на последниот, се врати тимскиот дух во репрезентацијата.

Оваа прес-конференција е на моја иницијатива за да нема некои непроверени информации и шпекулации.

Термините на ФИБА и во јуни и сега во септември не можам да ги разберам. Уште по завршувањето на првенството во Кувајт имав разговори со луѓето во клубот. Барав од нив да бидам слободен во февруари и ноември и беше се в ред.

Ме пуштија во февруари, беше се договорено за ноември, но доаѓа септемврискиот циклус каде треба цел август да бидеме на подготовки.

Во разговор со челниците добив дозвола да бидам со репрезентацијата, но најмногу 20 дена. Ако имаме подготовки од 35 дена е тешко и нереално да се очекува дека клубот ќе ме пушти.

Најлесно е да кажам заминувам и ви благодарам за се, но мислам дека бев должен пред сите вас да ја изложам целата ситуација.

Постојат две опции: првата е да имаме подготовки од 35 дена, а втората е играчите да се подготвуваат со своите клубови, а да почнеме подоцна и заедно да бидеме околу 20 дена. Сите заедно ќе се договориме што ќе правиме.

Што се однесува до противниците во претквалификациите, Косово ни е должник и треба да се реваншираме, а Романија е солодна екипа. Ако сме комплетни, верувам во успех“, рече Давитков.