ПОЧЕТНА А Репрезентација ДАВИТКОВ: Да го имав овој тим во август…

ДАВИТКОВ: Да го имав овој тим во август…

сподели
На Блискиот Исток најдобро се чувствува - Јорданчо Давитков

И најдолгиот пат почнува од првиот чекор. Македонската кошаркарска репрезентација го направи во ноемврискиот дел од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Успешно, бидејќи се остварени две победи, па сега и атмосферата во националниот тим е далеку подобра отколку кога ја видовме последен пат – во август. Тоа го потенцира и селекторот Јорданчо Давитков по триумфот против Швајцарија во второто коло од претквалификациите.

Можеби противниците не се на ниво, но Македонија сега има поразигран и порелаксиран тим

„Малку потешко од очекувањата ја добивме Швајцарија, можеби една од причините за тоа е фактот што имаше повеќе публика отколку што очекувавме. Во првото полувреме кошаркарите беа збунети како последица на што игравме стегнато во нападот.

Знаевме од каде доаѓа најголемата опасност, но не ги запревме двајцата противнички кошаркари како што се договоривме во првото полувреме. Во второто го направивме тоа и забележавме очекувана победа.

Победа против Словачка во февруари не носи во следната фаза од квалификациите

Задоволен сум од играта, сите 11 кошаркари се претставија како што очекував од нив. Можеби натпреварот не беше квалитетен како оној во Словачка, но покажавме доволно за да победиме убедливо.

Сите кошаркари вечерва одиграа според очекувањата

Им благодарам на сите кошаркари што одвоија време за да бидат дел од овој тим. Со жалење можам да констатирам дека ако го имавме овој тим во август ќе игравме квалификации за едно друго натпреварување. Но, добро, потврдивме дека можеме и се враќаме таму од каде што дојдовме во август.

Можеби со овие две победи не сме пласирани понатаму, но сме многу блиску до такво нешто”, изјави селекторот.