ПОЧЕТНА ФИБА Грк на местото на Патрик Бауман во ФИБА

Грк на местото на Патрик Бауман во ФИБА

сподели

Извршниот одбор на ФИБА го назначи Андреас Заклис за нов генерален секретар на светската кошаркарска организација.

Гркот има 38 години, а веќе две децении е во кошарката и од 2008 година директно инволвиран во ФИБА. Претходно бил советник во Меѓународната одбојкарска федерација, член на дисциплинската комисија на Меѓународната гимнастичга организација и дел од антидопинг трибуналот на Интернационалната велосипедистичка унија.

„Пред нас имаме јасна мисија – да работиме на развојот на кошарката и да ја шириме нашата фамилија. Ќе и служам на ФИБА најдобро што знам и ќе се трудам да ги ширам сите вредности на кошарката и нејзината богата историја“, изјави, меѓу другото, Заклис при преземањето на функцијата.

Аплицирајте веднаш за

Тој е поранешен кошаркар, тренер и течно зборува пет јазици: англиски, шпански, германски, француски и грчки.

Функцијата генерален секретар на ФИБА беше празна од 13 октомври кога ненадејно почина Патрик Бауман. Заклис е вкупно четврти на оваа позиција по Вилијам Џонс (1932-1976), Борислав Станковиќ (1976-2002) и спомнатиот Бауман (2002-2018).