ПОЧЕТНА Куп на РМ ГОСТИВАР: Дефинитивно не играме овој викенд!

ГОСТИВАР: Дефинитивно не играме овој викенд!

сподели

Големата трагедија што го стресе нашиот најкошаркарски град, предизвика болка и немир меѓу граѓаните на Гостивар, а директно беше почувствувана од кошаркарскиот колектив кој што остана без 25 годишниот Јовица Трпевски кој што играше за второлигашкиот состав.

Од управата на КК Гостивар ни изјавија дека нема сила што ќе ги натера да истрчаат на паркетот во рамките на националниот Куп, кој што се игра од 15-ти до 17-ти февруари во Гевгелија.

Градот е завиен во црно и ние немаме намера да играме, додека нашите сограѓани тагуваат. Ние сочувствуваме со нив. Ние играме за нашите луѓе. Ова е мал град, ова е мала земја, трагедијата не удри сите, велат од овој клуб.

Оваа трагедија не е ниту одблиску иста како оние што се случуваат во светот. Ние не сме ниту Англичани, ниту други, ние сме во Македонија и сме Гостиварци, тука нештата се поинакви, ние во Гостивар СИТЕ живееме еден за друг и еден со друг, велат од КК Гостивар.

Во 1/4 финалето на македонскиот кошаркарски Куп, Гостивар треба(ше) да се соочи со КК Фени Индустри, во третото четвртфинале. Гостиварци велат дека ако се одложи Купот, тие би играле во друг термин.