ПОЧЕТНА НБА Горчлив триумф на Денвер, Јута го надигра фаворитот, се радуваше и Милвоки

Горчлив триумф на Денвер, Јута го надигра фаворитот, се радуваше и Милвоки

сподели

Денвер успеа некако да се справи со најслабата екипа сезонава и да победи против Чикаго со 111:110, но триумфот остана во сенка на повредата на Никола Јокиќ пред крајот на првото полувреме.

Вил Бартон беше најдобриот поединец на Нагетс со 37 поени, 2 скока и 3 асистенции, а кај поразените најдобар беше Крис Дан со 19 поени, 5 скока и 5 додавања.

Аплицирајте веднаш за

Крис Мидлтон го предводеше Милвоки до победа кај Портланд со 91:103, со 26 поени, 7 скока и 4 асистенции.

На другата страна, прво име беше Jусуф Нуркиќ со 25 поени и 11 скока.

Клиперс загубија од Јута со 107:126, без тазе повредениот Блејк Грифин под обрачите и одамна отсaтниот организатор на играта, Милош Теодосиќ.

Алекс Бркс имаше 28 поени за победникот, а Остин Риверс 25 за поразените.