ПОЧЕТНА НБА Гордон и Вестбрук се тркаа, магичниот беше побрз

Гордон и Вестбрук се тркаа, магичниот беше побрз

сподели

Орландо славеше против Оклахома со 121:108 и ја прекина низата од 9 порази, против тимот што има 5 загубени средби од последните 6.

Арон Гордон погоди 57% од шутевите (13/23) и со 40 поени и 15 скока, го надигра Расел Вестбрук кој што реализира 37 поени, со 11 скока, 5 асистенции и 5 украдени топки.

Аплицирајте веднаш за

Гордон погоди по 20 поени во двете полувремиња, а Вестбрук имаше 20 (5 тројки) во последниот период со вкупен шут 7/10 за три поени.

На претходните три соочувања со Меџик, Расел Вестбрук реализираше трипл-дабл.