ПОЧЕТНА Евролига Големиот шампион изнурна од темните длабочини, за победа на Звезда

Големиот шампион изнурна од темните длабочини, за победа на Звезда

сподели
hotsport.rs

Кога на неговата екипа не и поаѓаше ама баш ништо од рака, кога неговиот омилен тим забележа пет порази во низа, кога трибините што минатите сезони гореа се полупразни, кога кој стигна си поигруваше со тимот што лани ја имаше најдолгата победничка серија против европските шампиони, се појави тој во своето вистинско руво.

Во само една минута, или во неколку секунди, Перо Антиќ прво го стави в џеб преизвиканиот и префорсираниот Лука Дончиќ, потоа погоди тројка за победа на црвено-белите среде Мадрид. Овој триумф е најслаткиот против Реал, затоа што е прв евролигашки во Кралската палата, каде што оние кои што дојдоа на гозба, се претворија во десерт.

Перо Антиќ меѓу своите, на трибина со Делије (hotsport.rs).

Не се забораваат лицата на навивачите и на играчите на најтрофејната европска екипа, кои што очекуваа лесна победа против, за нив, аутсајдерот. А, Црвена звезда и Перо Антиќ, во комбинација, се најопасни кога најмалку се надевате, тоа е таа позитивна страна на тој балкански синдром.

Аплицирајте веднаш за

Македонецот постигна 11 поени, 3 тројки во 8 обиди, погоди две слободни во два обида, промаши два пати за два поена, имаше 4 скока и 1 асистенција и само една загубена топка, што доволно кажува колку е драгоцен, овој скапоцен камен, во играта на Црвена звезда.