ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ГИНЈАРД: Тука сум да ја прекинам доминацијата на МЗТ Скопје

ГИНЈАРД: Тука сум да ја прекинам доминацијата на МЗТ Скопје

сподели
МЗТ Скопје ќе биде вистински репер за квалитетите на Маркус Гинјард.

Не само што е носител на играта на Работнички и меѓу најсериозните фаворити за МВП признанието во домашното првенство сезонава, Туку Маркус Гинјард е и еден од најдобрите странци кои што некогаш настапувале во нашата кошарка.

Од играч што „излегол“ од истиот колеџ, од кој што се појави Мајкл Џордан и не се очекува ништо помалку. Но, најсериозниот тест за квалитетите на Гинјард ќе биде дербито против МЗТ Скопје. Американецот првпат ќе настапи во ваков натпревар од македонското првенство. Вели дека од соиграчите веќе има доволно информации, за тоа што го очекува.

Со посебна енергија во првото скопско и македонско дерби

„Исклучително сум возбуден поради натпреварот. Вакви дерби-дуели секогаш ми даваат посебна енергија и со нетрпение очекувам да почне.

Тука сум да ја прекинам доминацијата на МЗТ Скопје и да му помогнам на Работнички да се врати на врвот. Го гледам МЗТ Скопје цела сезона низ настапите во АБА лигата, знам дека претходните години имаше многу успеси во македонската кошарка, но таа доминација нема да трае вечно.” – изјави Гинјард за basketball.mk.