ПОЧЕТНА А Репрезентација ГАЛЕРИЈА: Станко Велики не пропушта меч на А селекцијата

ГАЛЕРИЈА: Станко Велики не пропушта меч на А селекцијата

сподели

Повредениот Ѓорѓи Чековски (во друштво на соиграчите Маркус Гинјард, лево под него и Петар Николиќ, десно од него) не беше во составот на Јорданчо Давитков, поради проблеми со стапалото од мечот на Работнички во Гостивар, но беше на трибините да им даде морална поддршка на своите колеги.

Неговото време во репрезентацијата полека поминува, со оглед на возраста (1979), тешко дека повторно ќе го видиме во националниот дрес, но неговото присуство е значајно за помладите репрезентативци.

Освен Чековски, во гледалиштето беа и други кошаркарски ликови.

Адем Мекиќ, репрезентативец и член на Куманово, каде што игра одлично.
Младен Ѓуроски, поранешен кошаркар, сега тим-менаџер на Гостивар, повозрасен брат на репрезентативецот Стојан Ѓуроски.
Македонската и екс-Ју легенда, Лазо Лечиќ (во средина).
Некогашниот кошаркар, сега голем помагач на кошарката, Ѓорѓе Војновиќ (најгоре) и Амди Муса (под него), кошаркарски тренер и татко на Дина Муса, Ристо Јаневски (десно), поранешен кошаркар на МЗТ Скопје и Работнички, сега член на УО на МКФ.
Повредените репрезентативци Александар Костоски (лист) и Кирил Николовски (задна ложа).
Претседателот на МКФ, Петар Наумоски и повредениот репрезентатиец (препони) Бојан Трајковски.