ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Газење“ на гостиварски начин

„Газење“ на гостиварски начин

сподели
фото: gostivarpress.mk

По неубедливиот старт на сезоната, екипата на Гостивар влезе во фантастична серија која трае повеќе од еден месец.

На домашен терен го совлада Пелистер со 118:60 за своја петта победа во низа, најдолга откако овој тим влезе во Првата лига минатата година. Се очекуваше триумф на четата на Марјан Србиновски, но веројатно не на начин на кој го направи тоа.

А, по првото полувреме малкумина можеа да претпостават дела Гостивар ќе слави со 58 поени разлика што е една од најубедливите победи во Првата лига оваа сезона. Пелистер се држеше, во првата четвртина имаше само 5, а на полувреме 15 поени негатива.

Аплицирајте веднаш за

„Возот тргна“ во средината на третиот период кога домаќините направија серија од 23:0 и од 18, поведоа со 41 поен разлика. Во последните десет минути Гостивар малку го намали темпото, но затоа стегна во одбраната и прими само 9 поени.

Џо Фурстингер повторно беше најдобар играч во домашната екипа постигнувајќи 27 поени и 7 скока за индекс 33. Сегариќ и Зеќири беа на прагот на дабл-дабл, а Гостивар го заврши натпреварот со неверојатни 40 асистенции.

Кај Пелистер се истакнаа само Американците Билер и Херис кои постигнаа 42 од вкупно 58 поени на битолскиот тим.