ПОЧЕТНА Европски лиги Втор пораз за Астана во новата година

Втор пораз за Астана во новата година

сподели

Екипата на Емил Рајковиќ падна на петтата позиција на табелата во ВТБ лигата по неуспехот во дуелот со третопласираниот Уникс на домашен терен.

Астана загуби со 79:83 што е втор пораз во низа по оној од Нижњи Новгород минатиот викенд. За разлика од тој меч, казахстанскиот претставник во регионалното натпреварување сега ги имаше сите услови за триумф, ја имаше победата в раце, но ја испушти во последните секунди.

На средина од последната четвртина Астана водеше со 70:64. Прими шест поени во низа, па во последните три минути се играше „кош за кош“. На 84 секунди пред крајот Уникс поведе со 74:77, но сега домашната екипа постигна пет поени во низа и дојде до водство од 79:77 во пресрет на последните 36 секунди.

За жал, не ја задржа предноста, дозволи Уникс да постигне шест поени по ред и да дојде до победата иако рускиот тим беше далеку од сигурен. Трагичар беше О’Брајен кој при водство на Уникс од 79:81 промаши две слободни фрлања по што Уникс стави точка на мечот.

И покрај поразот, екипата на Емил Рајковиќ останува при врвот. Во ВТБ лигата уште не е завршена ни порвата полусезона и на Астана и остануваат уште 14 натпревари до крајот.