ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во Гевгелија победи кошарката, Блокотехна поуспешна од Кожув

Во Гевгелија победи кошарката, Блокотехна поуспешна од Кожув

сподели
фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Преполна сала, фантастична атмосфера, убав натпревар… „Вирусот“ од репрезентативниот дуел меѓу Македонија и Косово уште ја држи Гевгелија кога станува збор за кошарката.

На теренот подобра Блокотехна која продолжува со одличните настапи во Првата лига и го победи Кожув со 64:76 за да го сочува првото место на табелата.

Аплицирајте веднаш за

Својата доминација ја демонстрира веќе во првите четири минути кога направи предност 3:12, подоцна водеше и со 8:19 за Кожув да се врати и во втората минута од вториот период да израмни на 23:23.

Но, тоа беше се од постариот гевгелиски клуб. Една серија од 13:0 ја однесе Блокотехна на +15 (30:45) и потоа до крајот на натпреварот домашниот тим не успеа резултатски да се врати.

На полувреме беше +20 (33:53), во третата четвртина највисока +22 (39:61), а најмногу што успеа да се доближи Кожув е -8 во последната минута (64:72).

Но, ова е само прва битка од гевгелиската „војна“ која оваа сезона ќе се води на повеќе фронтови. Претстои најмалку уште една во првенството (се надеваме дека потоа ќе има дополнителни две), две во БИБЛ лигата (и таму екипите може да се сретнат во плеј-офот), а има услови Блокотехна и Кожув да играат меѓу себе и во завршницата од Купот на Македонија.

На крајот од овој меч Младеновиќ беше најдобар играч и на чекор од трипл-дабл (17 поени, 9 скока, 9 асистенции). Во тимот на Кожув, Луис беше најефикасен со 21 поен.