ПОЧЕТНА ЕВРОПА Висок пораз на Стојановски, од европскиот шампион

Висок пораз на Стојановски, од европскиот шампион

сподели

Нашиот капитен и Бујукчекмеџе беа совладани од Фенербахче со 82:59, во рамките на турскиот шампионат. Македонецот имаше учинок 4 поени, 2 скока и 3 загубени топки за 19 минути поминати на паркетот.

Со оваа победа, турскиот и европски шампион е на втората позиција со 6 победи и 2 пораза, колку што има и Анадолу Ефес по победата против Ушак од 97:84. Тофаш има најдобар скор на стартот на првенството, со 7 победи, без пораз.

Аплицирајте веднаш за

Бујукчекмеџе се наоѓа на осмата позиција која што последна води во турскиот плеј-оф, со 3 победи и 5 порази по 8 одиграни натпревари.

Немаше време за одмор Војдан и за неговите соиграчи, затоа што по еден ден пауза по репрезентативниот „прозорец“, одиграа тежок дуел со најдобрата европска екипа. Сега имаат три дена пауза.

На 2-ри декември играат против Ешкишехир, додека во ФИБА Европа купот играат на 6-ти декември кај Сигал Приштина за пласман во втората фаза од ова европско натпреварување.