ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Јокиќ стигна до нов рекорд во НБА

(ВИДЕО) Јокиќ стигна до нов рекорд во НБА

сподели

Српскиот кошаркар имаше нова блескава вечер ширум НБА терените, а најнова жртва беше Портланд кој загуби 116:113, a Јокиќ им даде 40 поени рекордни за него сезонава. Со оглед дека се работи за комплетен играч, не изостанаа ниту скоковите 10 и асистенциите 8 на број.

Никола Јокиќ е корпулентен центар со 213 см и 113 килограми, но фантастично се движи на теренот и има неверојатен осет за асистирање со кој ја воодушевува публиката. Најнов доказ за тоа е пикенрол акцијата со својот соиграч Мејсон Пламли во која Јокиќ се најде во улога на плејмејкер и прецизно му асистираше за цепелин на својот соиграч.

https://twitter.com/NBATV/status/1084644593117741056
Аплицирајте веднаш за

Во текот на натпреварот, српскиот репрезентативец играше разновидно, со леснотија се ослободуваше од чуварите и го полнеше кошот на Портланд, додаваше преку целиот терен, а постигнуваше и тројки со што комплетно го излуде противникот.