ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Јанис за одржување на најдобриот скор, Њујорк со негативен рекорд

(ВИДЕО) Јанис за одржување на најдобриот скор, Њујорк со негативен рекорд

сподели

Со триумфот кај Чикаго со 112:99, Бакс остануваат составот со најдобар учинок, во досегашниот тек од НБА шампионатот.

Милвоки има 42 победи со 14 порази во Источната конференција, а на вкупната табела води пред актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс од Западната, со 40 победи и 15 порази.

Аплицирајте веднаш за

Адетокумбо имаше 29 поени, со 17 скока, што беше негов 39-ти дабл-дабл сезонава. Ерик Бледсо додаде 19 поени во победата.

Резултати на 12-ти февруари (ESPN)

Њујорк постави негативен рекорд на франшизата со 17 загубени натпревари во низа, со поразот кај Кливленд со 107:104.

Никс имаат најлош скор во НБА, со 10 победи и 46 порази, со што од сега се подготвуваат за ангажирање на голема ѕвезда, следната сезона.