ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Феникс го најде лекот за Јокиќ

(ВИДЕО) Феникс го најде лекот за Јокиќ

сподели

Еден од најслабите тимови во лигата, Феникс Санс успеа да го најде лекот за одличниот сезонава Никола Јокиќ и неговиот Денвер. Екипата предводена од тренерот Игор Кокошков, забележа изненадувачка победа против водечкиот тим на Западот со 102:93.

Санс до победата ги предводеше Оубри со 26 поени и 11 скока, а одличен настап забележа и дебитантот Ајтон кој постигна 22 поени и 13 скока. Никола Јокиќ одново беше најзабележителен поединец кај Нагетс со нов дабл-дабл учинок од 23 поени и 10 скока. Забележителен настап имаше и Бисли кој постигна 21 поен.

Интересен натпревар одиграа и екипите на Оклахома и Сан Антонио, на кој победа забележаа домаќините со 122:112. Победата за Тандер значеше прекинување на лошата серија од три порази во низа.

извор: ESPN
Аплицирајте веднаш за

Расел Вестбрук го предводеше својот тим до победата со 24 поени, 10 скока и 7 асистенции. Кај Спарс најефикасен беше Марко Белинели со 24 поени.