ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Петтиот пик на драфтот го анулира трипл-даблот на Кралот

(ВИДЕО) Петтиот пик на драфтот го анулира трипл-даблот на Кралот

сподели

Јанг имаше 22 поена со 14 асистенции, Џон Колинс имаше 22 поена, Атланта успеа да го совлада составот на Лејкерс предводен од Леброн Џејмс, кој што реализира трипл-дабл.

Со конечните 117:113, Хокс ја прекинаа низата од три загубени натпревари, иако Кралот имаше 28 поени, зачинети со 16 асистенции и 11 скока. Лејкерс паѓаат се подлабоко зад Сакраменто, во битката за последната плеј-оф позиција на Западот.

Аплицирајте веднаш за

Публиката му скандираше „Коби е подобар“, што не му пречеше на Леброн да одигра 43 минути и да го реализира неговиот 5-ти трипл-дабл сеознава. Рондо имаше 6 загубени топки, Кузма и Инграм имаа по 19 поени.

Резултати на 13-ти февруари (ESPN)

Лејкерс играа без повредениот Тајсон Чендлер, кој што има проблеми со палецот на стапалото. Мајк Мискала беше во униформа, но не истрча на бојното поле против неговата поранешна екипа.