ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Орландо со магија го сопре Харден

(ВИДЕО) Орландо со магија го сопре Харден

сподели

Уште една неверојатна ноќ за Каваи Ленард и неговиот Торонто. Репторс во маратонски натпревар, неизвесен до самиот крај славеа на гостувањето кај Вашингтон со 138:140, по две продолженија откако во регуларниот дел натпреварот заврши 124:124.

Со новата победа, 5-та во низа за Репторс, тие ја задржаа водечката позиција на Истокот, а воедно се и најуспешен тим во целата лига со 33 победи и 12 порази.

Каваи Ленард ги предводеше гостите до победата со 41 поен, 11 скока и 5 асистенции, а одличен беше и Паскал Сиакам со 24 поени и 19 скока. На Визардс не им беше доволен ниту одличниот настап на Бредли Бил, кој забележа трипл-дабл со 43 поени, 10 скока и 15 асистенции, за да се радуваат на победата.

Изненадувањето на денот го приреди тимот на Орландо кој на домашен терен го победи залетаниот Хјустон предводен од маестралниот Џејмс Харден. Сепак, Меџик искористија дел од својата магија да ги сопрат Харден и соиграчите и славеа со резултат 116:109.

извор: ESPN

Вучевиќ и Гордон ги предводеа домаќините до значајната победа со по 22 поена. Кај Рокитс најефикасен беше кој друг ако не Харден, но ниту неговите 38 поени, надополнети со 12 асистенции и 9 скока не беа доволни за победа.