ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Лука Дончиќ остана без зглобови, па си играше мајтап со противниците

(ВИДЕО) Лука Дончиќ остана без зглобови, па си играше мајтап со противниците

сподели

Иако неговата екипа загуби, на словенечкиот тинејџер за малку му избега нов триплд-дабл, во новото уживање што им го пружи на гледачите.

Инспирацијата за новата одлична индивидуална претстава, му дојде откако беше исмеан, односно исфрлен од игра во еден напад на Рокетс.

Далас беше поразен на гостувањето кај Хјустон, со 120:104, а 19 годишната НБА сензација имаше 21 поен, со 14 скока и со 8 асистенции.

Ќе потсетиме дека тој е единствениот тинејџер со три трипл-дабл остварувања, во историјата на НБА лигата.