ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Леброн исклучен прв пат во неговата кариера!!!

(ВИДЕО) Леброн исклучен прв пат во неговата кариера!!!

сподели

Џејмс приговараше кон судиите за спорна фаул ситуација, при неговата пенетрација кон кошот и заработи техничка, по што арбитарот Кејн Фицџералд му го покажа патот кон соблекувалната.

Ова му се случува на Кралот за првпат, во 1.082 натпревара во НБА лигата, односно воопшто откако се запознал со топката уште од најраните денови.

Аплицирајте веднаш за

Кливленд победи против Мајами со 108:97 за 9-та победа во низа. Кевин Лав постигна 38 поени, а Леброн Џејмс имаше 21 до исклучувањето.

Јанис Адетокумбо со 32 поена го предводеше тимот на Милвоки до триумф кај Сакраменто, Девин Букер постигна 33 во победата на Феникс против Чикаго.

Дерик Фејворс со 24 беше лидер на Јута против Денвер, а Ото Портер реализира 22 поена за Вашингтон во победата кај Минесота.

Резултати:

Сакраменто - Милвоки 87:112
Чикаго - Феникс 99:104
Јута - Денвер 106:77
Минесота - Вашингтон 89:92