ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Кокошков за малку „ќе истепаше“ свој играч

(ВИДЕО) Кокошков за малку „ќе истепаше“ свој играч

сподели

Поранешниот селектор на словенечката репрезентација и сегашен предводник на Феникс Санс, српскиот стручњак Игор Кокошков не само што има проблем како да забележи победа со својот тим и има најлош скор во лигата, туку има и големи проблеми со однесувањето и со дисциплината на некои кошаркари на теренот.

На последниот натпревар на кој Феникс како гостин беше убедливо поразен од Портланд со 108:86, Кокошков целосно го загуби авторитетот над своите кошаркари, пред се над Мајкл Бриџис со кого имаше и вербален дуел.

Аплицирајте веднаш за

Ситуацијата ескалира кога Бриџис непотребно го фаулираше Лилард при шут за три поени, на што српскиот стратег збесна, дури и влезе на паркетот да му објасни на кошаркарот каде греши. Бриџис воопшто не сакаше да слуша, по што Кокошков дополнително полуде. Изгледаше дека вербалниот дуел може да прерасне и во физички, но целата ситуација се смири.

Блејзерс до триумфот ги предводеа Лилард со 25 и Лејман со 24 поени. Кај гостите се истакна Дениелс со 15 поени. Непослушниот Бриџис постигна 7 поени за 23 минути на паркетот, но по караницата со својот тренер за очекување е неговата минутажа драстично да се намали.

Резултати на 7-ми декември (ESPN)

Во олд-скул пресметката, Бостон убедливо го победи Њујорк со 128:100, а Јута со 118:91 го декласира тимот на Хјустон, кој сезонава игра далеку под очекувањата и се наоѓа далеку од формата што води во плеј-офот.